Промоција на поетската книга „Соsвездие“ во Охрид

- Локални
741

На 5 јули во Националната  Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде промовирана поетската книга „Соѕвездие/„Сазвежђе“. Промотори се Љубиша Симиќ и Христо Петрески. Осврт за досегашната взаемна соработка ќе даде Петко Шипинкаровски.

Во издание на Културниот центар „БРАН“ и меѓународната ревија за литература „Бранувања“ од Струга, излезе од печат двојазичниот зборник  „Соѕвездие/„Сазвежђе“ со песни од 16 српски поети членови на друштвото на писателите „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија и песни на 16 македонски писатели. Од македонска страна со свои песни се застапени чии песни се преведени и објавени на српски јазик, додека пак творбите на српските писатели се преведени на македонски јазик. Во зборникот застапени се македонските писатели Ристо Ѓ. Јачев, Васил Тоциновски, Тоде Илиевски, Петко Шипинкаровски, Христо Петрески, Зоран Јакимоски, Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Мерсиха Исмајлоска, Мишо Китаноски, Маја Стела Босилковска, Весна Мундишевска Велјановска, Даниела Андоновска Трајковска, Костадинка Коца Ѓорѓевска, Сашо Бетоски и Стефан Марковски.

На 5 јули во Националната Установа  библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе биде промовирана поетската книга „Соѕвездие/„Сазвежђе“. Промотори се Љубиша Симиќ и Христо Петрески. Осврт за досегашната взаемна соработка ќе даде Петко Шипинкаровски.

Во двојазичното издание, предговорот е на истакнатиот македонски писател Христо Петрески, кој на крајот од своето обраќање, завршува со зборовите: „Писатели од Балканот, обединете сé!“

Објавувањето на поетскиот двојазичен зборник „Соѕвездие/„Сазвежђе“, дојде како резултат на соработката воспоставена во минатата година со потпишување на протокол меѓу литературното друштво „Седумка“ и Културниот центар „БРАН“ од Струга, на меѓународниот саем на книгата во Франкфурт на Мајна,. Тогаш, на овој престижен меѓународен саем  на книгата, беа претставени македонските изданија и меѓународната ревија за литература „Бранувања“ од Струга, Република Македонија.

На овогодишната меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ што ќе се одржи од 5 до 7 јули во Струга, Охрид, Вевчани и Белчишта, ќе гостуваат и ќе настапат неколку српски поети од литературниот клуб „Седумка“ од франкфурт на Мајна, заедно уште со повеќе поети од Албанија, Русија, Србија, Словенија, Хрватска и Македонија.

Strugaonline

 

Facebook Коментари