Промоција на романот „Бел демон“ од Славко Илоски утре во Струга

- Локални
878
Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, (просторија број 2, службен влез), на 19.09.2018 (среда), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоција на романот „Бел демон“ од нашиот сограѓанин Славко Илоски.
Според промоторот, Тоде Илиески, се работи за успешна дебитантска објава од жанрот – хорор кој е ретко застапен на овие простори.
Романот „Бел демон“ е приказна за темната страна на животот и за лавиринтот од кој тешко се излегува.
Strugaonline

Facebook Коментари