Прв Меморијален турнир во кошарка „Здравко Танески-Здравче“-пријавувањето е во тек

- Локални, Спорт
1511

На 21-ви септември (сабота) во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга ќе се одржи првиот Меморијален турнир во кошарка „Здравко Танески-Здравче“. Целта на турнирот е да се зачува споменот за ликот и делото на Танески кој почина минатата година во декември, а стружани го знаат како поранешен кошаркар во клубот „Црн Дрим“-Струга и поранешен кошаркарски судија. Сите заинтересирани за учество на турнирот, можат да се пријават на телефонските броеви: 070 996 445 и 078 366 730.

Организаторите на турнирот информираат дека досега желба за учество изразиле кошаркари-колеги на Танески од Струга, Охрид, Гостивар, Битола и Скопје.

Пријавувањето е бесплатно, а самата идеја и организација на турнирот говори дека Здравко Танески нема да биде заборавен, се очекува овој турнир да прерасне во традиција.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари