Првата изложба на Здравка Крстиновска ги стопли срцата на сите вљубеници во уметноста

- Локални
2066

Во прекрасна атмосфера и во име на уметноста која произлегува директно од душата, оваа сабота во Центарот за култура Браќа Миладиновци во Струга се одржа првата изложба на  Здравка Крстиновска.

Делата кои посетителите имаа можност да ги видат и почувствуваат,  се изработени во Енкаустика- техника на сликање чии корени потекнуваат од минатото која што во поново време добива нова димензија.

Она што оваа техника ја издвојува од останатите е мешањето на чист восок и пигмент и нанесување на подлога со помош на топлина. Сликањето со оваа техника дава посебен вид на слобода во изразувањето.

Во секоја слика, можеше да се забележи дека авторката го внела сето свое уметничко битие во создавањето, совршено доловени мотиви кои на секој љубител на уметноста му даваат можност да доживее своја индивидуална перцепција.

Низ делата може да се препознаат различни мотиви- пејсаж, мотиви од природата, растенија, плодови па и мистични моменти кои најчесто компонираат апстрахирани колоритни композиции.


Здравка Крстиновска е родена во Кочани 1960 година, по професија е дипломиран земјоделски инжињер. Креативниот импулс најчесто и го исполнува слободното време, освен сликањето со енкаустика изработува и накит.

Извор: Strugaonline

Фото: Владо Ристовски

Facebook Коментари