Прво издание на „MURAL FEST“ од 5-ти до 7-ми октомври во Струга

- Забава, Локални
997

Од 5-ти до 7-ми октомври во Струга ќе се одржи несекојдневен фестивал, „MURAL FEST“.

„На Струга и недостига уметност. Направивме еден нов вид на фестивал со кој би сакале да ги привлечеме малдите телентирани уметници да бидат дел од една нова модерна историја на градот со тоа што малите тесни улички би ги претвориле во урбани и забавни кои имаат ралзични приакзни. За проектот се ангажирани повеке уметници од Македонија кои ке изработат Мурали на различни локации во градот Струга. (Мурал или Фреска е уметничко дело наслиакно или нанесено дирекно на ѕид,таван или друга постојана површина.)  Би сакале градот Струга да прерасне во град на уметност, град кој ке ги забавува и инспирира луѓето од сите возрасти.“ – велат организаторите

Во рамките на фестивалот на 07.10.2018 година од 12:00 -16:00 ќе се одржи детска работилница во паркот на поезијата  со многу DJ и музика.

Strugaonline

Facebook Коментари