Пукање од огнено оружје во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

- Локални, Хроника
912

Попладнево во СВР Охрид било пријавено дека во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се случил инцидент во кој било употребено огнено оружје.

Според првичните информации, било пукано од пиштол, а до овој момент нема потврдени информации за повредени лица.

Неофицијално, во инцидентот учествувале двајца ученици, еден од трета година и од прва година, од кои еден бил повреден. По инцидентот сите ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ биле ослободени од наставата.

Охридската полиција изврши увид на местото на настанот. Од СВР Охрид за утре најавуваат повеќе информации за инцидентот.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари