Пуштени во продажба билетите за големиот концерт на групата Камелеон

- Забава, Локални
867

Од денес се пуштени во продажба ограничен број билети за големиот концерт на најдобрата охридска група Камелеон, кој ќе се одржи во сабота, на 29-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

– Бројот на седиштата во охридскиот Центар за култура е лимитиран и токму затоа повелете и обезбедете го побрзо вашиот билет за концертот, кој, според најавите, ќе биде еден од настаните кои ќе ги одбележи новогодишните празници во Охрид, но и многу пошироко, порачуваат организаторите.

Групата за концертот се подготвува веќе неколку месеци, а сите 17 песни кои ќе бидат изведени ќе добијат нови аранжмани.

– Гости на концертот ќе бидат: Горан Папаз, Ѓоко Танески, кој ќе изведе две песни, охридскиот градски мешан хор „Вокс Лихнидос“, Џеват Рамаданоски и студенти од Факултетот за музичка уметност, кои ќе формираат квартет. Во екипата што цело време ќе биде со нас се и Жармена и Димче Китрозоски, Никола Тони, а пратечки вокали ќе се Ана Костадиновска и Сара Николоска, истакна на прес конференцијата со која го најавија настанот, вокалистот на бендот Драган Василески.

Членови на бендот покрај Василески се и Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски.

На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна која ќе одбележа првите и е ќе ги најави новите 20 години од постоењето на групата „Камелеон“.

Билетите по цена од 250 денари од денес се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, музичката продавница ZZ Top и од понеделник, 10-ти декември на тезга „Аждер“ во центарот на градот.

Strugaonline

Facebook Коментари