Работилница за предрасуди и стереотипи во Струга

- Локални
1153

Денеска, младинската организација КРЕАТОР од Куманово имплементираше еднодневна работилница во Струга на тема ,,Предрасуди и стереотипи кои постојат во нашето општество и како истите да ги искоренеме,,. На работилницата учество земаа 25 ученици од средното училиште ,,Јахја Кемал,, од Струга на возраст 16 – 18. Работилницата се оддржа во рамки на проектот ,,Rainbow Bride,, а нејзина цел беше да дозволи на младите од Струга кои учествувале на проектот и интернационалните активности во рамки на проектот, своите знаења да ги пренесат на локално ниво на свои соученици и сограѓани.

,,Ова е прекрасна можост да го пренесеме своето знаење кое го стекнавме за време на младинската размена на која земавме учество заедно со млади од регионот, Македонија, Албанија и Црна Гора. За време на размената имавме можност да научиме повеќе за тоа како да се справиме со предрасудите и стереотипите кои секојдневно не опкружуваат, научивме повеќе за нашите култури и остваривме пријателства. Оваа работилница ни дава можност да вежбаме како и ние да станеме организатори на вакви настани во иднина,, – рече Александар Стојчески, ученик во Јахја Кемал.

Проектот ,,Rainbow Bride,, е поддржан од страна на RYCO – Регионална Младинска Канцеларија од Тирана преку нивниот прв отворен повик за младински проекти, чија главна цел е промоција на духот на помирување и соработка помеѓу младите во регионот преку програми за младински размени.

Strugaonline

Facebook Коментари