Работилница за проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме“ во Струга

- Локални
876

Во рамки на проектот „УЧЕСТВУВАМЕ, ЗАСТАПУВАМЕ, МЕНУВАМЕ – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство“, во склоп на фестивалот „ДримОН“ ќе се одржи  третиот од низата предвидени јавни настани,  a во организација на здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, членка на ЈАДРО, на 25-ти јули (среда), 2018 година.

Во септември 2017 година, после три години интензивна работа се регистрира првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО и Општина Центар од Скопје наречена Културно-социјален простор „Центар-Јадро“. Намерата на проектот „УЧЕСТВУВАМЕ, ЗАСТАПУВАМЕ, МЕНУВАМЕ“ е да ги претстави процесите на застапување во рамки на овој пионерски модел инициран во Скопје, преку серија на јавни презентации, работилници, културни интервенции и дебати, и истовремено во соработка со 5 партнерски организации (МКЦ-Битола, Стрип центар на Македонија-Велес, Љоја-Тетово, Медиа Артес-Охрид и ИНКА-Струга) да отпочне процес за развивање на модели со свои локални специфики за формирање на културно–општествени центри во Битола, Велес, Тетово, Охрид и Струга. На тој начин проектот ќе овозможи зацврстување на позицијата на граѓанските организации во културата и поширокиот граѓански сектор на локално ниво и ќе придонесува кон процесите за демократизација и демонополизација на јавната сфера.

Со намера да се вклучат што повеќе актери од локалните независни сцени, проектот предвидува и еднодневни настани во Тетово, Битола, Велес, Охрид и Струга.

Програмата на настанот во Струга во рамките на програмата на фестивалот „ДримON“ на 25.07.2018, а со почеток во 14.00 часот, предвидува отворена работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство. Модератори на работилницата се Искра Гешоска и Јасмина Билаловиќ. Локација: сала за состаноци во НУЦК „Браќа Миладиновци“, Струга.
На работилницата добредојдени се сите граѓански организации, формални и неформални групи, уметници и младински работници кои активно работат во Струга и имаат потреба од решавање на прашањето за простори.
Цели на  на работилницата се: Утврдување на капацитетите и потребата на независниот културен сектор, младинските организации и иницијативи, и граѓаните за простор земајќи го во предвид социјалниот и културен контекст на градот; Мапирање на конкретни потенцијални простори; Конкретни планови за преземање на следни чекори во насока на обезбедување на простор преку моделот на цивилно-јавно партнерство.

Вo рaмки нa фестивaлoт, a кaкo дел oд прoектoт “Учествувaме, зaстaпуaвме, менуваме” ќе се oдржи и тридневнa aрхитектoнскa рaбoтилницa зa мaпирaње/скицирaње нa прoстoр зa незaвиснaтa културнa сценa вo Стругa, сo учествo нa чoкaлни aрхитекти и студенти пo aрхитектурa.

Strugaonline

Facebook Коментари