Ракометниот Суперкуп на Македонија ќе се игра во Струга

- Локални, Спорт
769

И оваа сезона ракометниот шампионат на Македонија ќе започне со Суперкупот, на кој ќе настапат двете најдобри екипи во Македонија – сопственикот на двојната круна Вардар и финалистот во Купот на Македонија Металург. Ова ќе биде второ издание на македонскиот Суперкуп, по ланското деби во кое Вардар убедливо го совлада тимот на Еурофарм Работник

Суперкуп натпреварот оваа година ќе се игра на отвореното игралиште на “Женската плажа“ во Струга и е закажан на 18 август, со почеток во 21 часот, токму во деновите на одржување на традиционалниот струшки турнир.

Извор и фото: rkmetalurg.mk

Facebook Коментари