Резултати од првите три натпревари на турнирот „Струга 2018“

- Локални, Спорт
907

Спектакуларно отварање и одлична спортска атмосфера го одбележаа првиот ден од Меѓународниот турнир во ракомет „Струга 2018“.

Првиот натпревар кој се играше вчера во 17:00 часот помеѓу домаќинот РК Струга и екипата на Железничар заврши со резултат 20:25 во полза на гостите од Ниш

Вториот натпревар беше неизвесен и така и заврши, нерешено помеѓу РК Констанца – РК Алингсас (21:21)

Во третиот натпревар од првиот ден на турнирот , екипата на РК Целје ја совлада екипата на РК Еурофарм со резултат 23:22.

Публиката уживаше во одличен ракомет, а така ќе биде и во наредните денови од овој турнир.

Распоредот на натпревари за денеска изгледа вака:

17.30 Бешикташ–Еурофарм Работник
19.15 Железничар–Алингсас
21.00 Целје–Тулуз

Strugaonline

 

Facebook Коментари