Резултати од вториот натпреварувачки ден на турнирот ,,Струга 2022“

- Локални, Спорт
512
Екипите на РК Аклалоид и РК Целје вечра го отворија вториот ден на 50. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга 2022 година.
Екипата на Целје славеше во самиот финиш со резултат од 29:28 против екипата на новиот суперлигаш Алкалоид.
Во натпреварот помеѓу  Татран Прешов и АЕК Атина  на победа се радуваше екипата од Словачка која што триумфираше со резултат 25:21 (16:11), во натпревар од групата А.
Во вториот натпреварувачки ден во последниот натпревар триумфираше екипата на РК Вардар 1961 против РК Бутел со резултат од 32:20.

Facebook Коментари