Ристе Ќушкоски е нов претседател на ФК „Караорман“

- Локални, Спорт
770

По иницијатива на претседателот на ФК Караорман, Никола Таштаноски кому му заврши мандатот, вчера во просториите на клубот се одржа вонредна изборна седница. Претседателот во замиување се осврна на досегашната работа на ФК Караорман и се повлече од функцијата. Делегатите на собранието ја прифатија неговата иницијатива, а Скендер Таири го предложи Ристе Ќушкоски за нов претседател на струшкиот фудбалски клуб кој за вршење на оваа функција беше избран едногласно.

Ќушкоски во своето излагање истакна дека неговата заложба како претседател ќе биде клубот да се избори за натпреварување во втората МФЛ.

После изборот на претседател, на вонредната седница се премина кон избор на делегати во собранието, како и нов управен и надзорен одбор.

Инаку, Ќушкоски е поранешен фудбалер во ФК Караорман.

Strugaonline

Facebook Коментари