РК Струга на домашен терен славеше над Астраион Хендбол 

- Локални, Спорт
423

Екипата на  РК Струга на домашен терен славеше против струмички Астраион Хендбол (32-27) во рамки на групата А во Суперлигата.

Нашите ракометари водството го одржуваа од почетокот до крајот на мечот. Освен, во воведните неколку минути, струмичани не успеаа да бидат резултатски блиску до домаќинот.

Најефикасен  во РК Струга беше Богдан Николиќ со седум гола,  Рајатовски постигна  шест, додека Илиевски и Костоски дадоа по пет гола.

За Струга ова беше четврта победа во Суперлигата, со што тимот се изедначи со третопласираниот Голден Арт КЛ7. И двете екипи имаат по 13 бода.

Strugaonline

фото: РК Струга

Facebook Коментари