РК „Струга“ прослави 70 години постоење – сите ракометни генерации се вратија на терен

- Локални, Спорт
365

Во одлична атмосфера, со три натпревари од по 15 минути, РК Струга прослави 70 години од своето постоење.  

Сите генерации се вратија на терен по повод овој значаен јубилеј. Во првиот ревиален натпревар младите ветерани играа со сегашниот тим на РК Струга, овој мини натпревар заврши со резултат 6:5.

 Потоа старите ветерани се пресметаа со младите ветерани, на крајот резултатот беше 8:7.

Последниот натпревар се одигра помеѓу старите ветерани и сегашниот тим на РК „Струга“ (резултат 9:8).

Помладите и постарите ветерани се присетија на убавите времиња и нивните почетоци во овој клуб кој се развиваше со многу љубов и посветеност. Сегашниот тим на РК Струга практично учеше од нивното искуство. Навивачката група „Паткари“ и овој пат направи одлична атмосфера, а љубителите на ракометот во Струга имаа можност да уживаат следејќи одлични натпревари.

На крајот, младите и стари ветерани добија подароци од клубот, благодарници добија помагателите на клубот, како и медиумите кои редовно пренесуваат за сите настани поврзани со струшкиот ракомет, меѓу нив и „Play radio“.

Признанија за својот допринос добија и „Паткари“.

Помладите и постарите ветерани, сегашните ракометари на РК Струга, паткари и сите љубители на ракометот во Струга имаат иста желба – клубот да постои уште многу години и се повеќе да напредува.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари