РК „Струга“ славеше во езерското дерби против РК „Охрид“

- Локални, Спорт
1451

Нашите ракометари денеска славеа во популарното езерско дерби против РК Охрид со резултат 29:25. РК Струга не започна најдобро но вториот дел од натпреварот го реши противникот и сосема заслужено победи на домашен терен.

Во првиот дел охриѓани доминираа и водеа најпрво со +3, но набрзо се играше гол за гол, откако Стружани ја стопија предноста па израмнија на 7:7. Потоа РК Охрид уште еднаш поведе, стружани повторно израмнија за на одмор да одат со резултат 14:14.

Вториот дел од натпреварот беше во знакот на нашите ракометари кои водеа и со +5 (21:16) Потоа рутински ја одржувавме предноста за на крај да славиме со 29-25.

Публиката имаше можност да проследи квалитетен натпревар , во одлична атмосфера со расположена навивачка публика.

Извор и фото: Strugaonline

.

Facebook Коментари