РК Струга славеше во Радовиш, во четврток во Струга се игра ,,езерско дерби“

- Локални, Спорт
323

Во рамките на првото коло од Супер-лигата РК Струга на гостински терен славеше над екипата на Радовиш со резултат 19:22.

Oд струшкиот клуб известуваат дека натпреварот од второто коло Супер лига мажи помеѓу екипите на РК Струга и РК Охрид  ќе се одигра на ден 16.09.2021 год, четврток, со почеток во 19:00 часот во Спортската сала при СОУ ,,Нико Нестор” во Струга.
Согласно мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, на затворено со 30% од капацитетот на просторот, имка  ограничен број на билети , истите можете да ги набавите од 13.09.2021 до 16.09.2021 од 10:00 до 12:00 часот во канцелариите на РК Струга.
На ден на натпревар, влез во сала е дозволен само доколку имате доказ дека поседувате сертификат за примена најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Strugaonline

 

Facebook Коментари