РК Струга слави 70 години постоење, во сабота на терен се враќаат млади и стари ветерани!

- Локални, Спорт
907

Ракометен клуб „Струга“ слави 70 години постоење. Во сабота во Спортски Центар „Тими“  на терен ќе се вратат млади и стари ветерани, а заедно со нив ќе игра и сегашната екипа на РК Струга.

„Во ревијален натпревар ќе провериме дали искуството ќе ја победи младоста. Ќе докажеме уште еднаш зошто Струга го носи епитетот „ расадник на ракометни таленти.“ „Паткари“ ќе ја создадат атмосферата која никого не остава рамнодушен. Ова е настан кој не се пропушта.“ – велат од РК „Струга“. 

Овој натпревар е несекојдневна можност да се види како ветераните ќе се пресметаат со младината како надежна иднина на струшкиот ракомет. РК „Струга“ млади и стари и навивачка група „Паткари“ ве очекуваат.

Почетокот е закажан за 18:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари