РК Струга во возбудлив и драматинчен натпревар славеше над Металург 2

- Локални, Спорт
588

РК Струга и Металург 2 одиграа возбудлив натпревар во 17. коло од Супер лигата. На крајот на овој натпревар подобри беа нашите ракометари и освоија важни бодови со победата од 24:23.

Првото полувреме беше сосема израмнето,. По 30 минути игра Струга водеше со 12:11.

Во второто полувреме стружани поведоа со 15:12, но ракометарите на Металург 2 брзо израмнија, а потоа поведоа со 20:19. До крајот на натпреварот беше израмнето и неизвесно, а во самиот крај РК Струга беше подобора, Металург 2 имаше можност за израмнување но не реализираа, па Струга славеше значајна победа.

Најефикасен во нашите редови беше Дарио Симоноски со седум голови, а во Металург 2 најдобар стрелец беше Давор Шокоски со осум гола

СТРУГА – МЕТАЛУРГ 2  24:23(12:11)

Сала: Нико Нестор во Струга. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски. Делегат: Камер Металари.

СТРУГА: Стојаноски, Маркоски, Кузманоски 4, Крстаноски 5, Белистојановски, Спасески, Јанкуловски 3, Стојаноски, Димитријески 1, Мечкароски, Рајатоски 3, Костоски, Симоноски 7, Трајкоски 1, Новаковиќ, Мекич.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 10 мин.

МЕТАЛУРГ 2: Михајлов, Фидановски, Трајковски, Мелоски 2, Кофилоски 4, Савковиќ, Шокоски 8, Ацевски, Митиќ 2, Таневски, Стоилевски 3, Прцуловски, Стојановиќ 4, Гајиќ, Додиќ, Ефтимов.

Strugaonline

Facebook Коментари