Роденденот на Тоше ќе биде одбележан со хуманитарна забава во Охрид

- Забава, Локални
850


Младите на Црвен крст Охрид и годинава  ќе го одбележат роденденот на нашиот голем хуманист Тоше Проески ,со хуманитарна забава.

Настанот кој годинава го носи мотото „Тоше во нашите срца, хуманост во нашите дела“ ќе се одржи во четврток,  25 јануари, во кафе-бар „Шила“  со почеток од 20:00 часот.  Сите присутни ќе се потсетат на големите хитови на Тоше кои за оваа пригода ќе ги изведе новоформираниот охридски бенд „ Lucky Strikes “ . Целта на оваа забава е да се потсетиме на хуманите дела на големиот Тоше Проески и да ги следиме неговите стапки.

  Цените на влезницата и пијалоците ќе бидат прилагодени да бидат достапни на сите посетители.

Strugaonline

Facebook Коментари