Садовите за селекција на отпад се повлечени од употреба-немало кој да ги празни

- Локални
903

Граѓанската иницијатива „Доста“ преку соопштение  за јавност ги инфомираше граѓаните на Струга дека садовите за селекција на отпад се повлечени од употреба.

„ Од страна на ЈКП Струга наидуваме на целосно игнорантски однос во контекст на празнење и одржување на садовите. Од причина што немало кој да ги празни садовите, ЈКП Струга ги повлече истите.“ – стои во соопштението на ГИ „Доста“

Од таму информираат дека во наредниот периот ќе реагираат  до надлежните за разрешување на како што велат,  ваквото недоразбирање.

Strugaonline

Facebook Коментари