Сара Настеска заедно со семејството отпатува во Германија каде започнува лекувањето

- Локални
886

Семејството на Сара Настеска од Охрид преку соопштение за јавност ги извести сите хумани граѓани дека Сара заедно со своите најблиски веќе е во Германија каде треба да и биде пресадена коскена срцевина, а донор е нејзиното помало братче Виктор Настески.

Благодарение на сите вас и Вашата хуманост започнавме со реализација на нашата цел. Овозможено ни беше авансно плаќање на дел од сумата, која е потребна за лекување во клиниката во Германија.

На 05.11.2018 година, по консултативен разговор со нив, договорено е во текот на оваа недела да се започне со почетни испитувања кои претходат на лекувањето, а ги опфаќаат двете деца.

Бидејќи сите вие хумани луѓе станавте дел од нас и од нашето семејство, Ве молиме од срце помолете се кон Бога да биде успешно лекувањето на Сара од нејзиното помало братче Виктор како донор.“ – стои во соопштението од семјеството, каде се додава дека јавноста ќе биде информирана за сите новости.

Strugaonline

 

Facebook Коментари