Се` е подготвено за големиот концерт на групата Камелеон во сабота

- Забава, Локални
173

На само неколку дена до големиот концерт, секојдневни проби и финални интервенции на аранжманите на песните и програмата со која членовите на групата Камелеон ќе го прослават 20-тиот роденден.

– Подготвени сме, пробите течат според планираното. Вежбаме скоро секојдневно, заедно со дел о гостите кои ќе настапат на концертот. Тука се и гостувањата за промоција на медиумите, од кои имаме огромна поддршка, за што од срце им благоадриме. Финализирани се веќе сите детали околу звукот и осветлувањето, а според она што го имаме како информација и продажбата на билетите оди одлично. Се надеваме дека ќе имаме добра забава и ноќ за паметење, велат членовите на групата.

Паралелно со овие активности изработен е и посебен документарен филм за 20-те години од постоењето на групата, кој ќе се емитува на програмата на ТвМ телевизија, во сабота со почеток во 17:30 часот, на само час и половина пред почетокот на концертот и како одлична најава за истиот за сите посетители.

Во актуелниот состав на бендот се Драган Василески, Тони Јованоски, Роберт Милески, Петар Трифуноски и Филип Стојковски. Драган, Роберт и Тони се постојани членови во бендот од самиот почеток, а за повеќето песни на бендот, текстот и музиката ги напиша гитаристот Роберт Милески.

На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“. Билетите по цена од 250 денари ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, музичката продавница ZZ Top и тезга „Аждер“ во центарот на градот.

Strugaonline

Facebook Коментари