Се одржа второто издание на „Трка на поезијата“, ова се победниците

- Локални, Спорт
1003

Со прекрасна спортска енергија, бројна публика и над 1.100 учесници денеска во Струга се одржа второто издание на манифестацијата „Трка на поезијата“.

Во трката на 10 км во женска конкуренција победи Билјана Кираџиева, второто место го освои Милјана Ристиќ, а трета беше Весна Кираџиева.

Во машка конкуренција на 10 км победник е Дарио Ивановски кој што постигна и свој нов личен рекорд од 30 минути и 31 секунда. Вицешампионската позиција ја освои Атанас Анчоски, а трет беше Димитар Петроски.

Во трката на 5км во женска конкуренција победи Мери Шешо, втора беше Билјана Симева, а третото место го освои Бојана Наумовска.

Во трката на 5км машка конкуренција исто како и минатата година, победи Кристијан Наумовски, втор беше Григорие Никовски, а најдобрата тројка ја заокружи Стојче Петроски.

За прв пат оваа година се одржа и детска трка на која учествуваа над 12о дечиња. Детската трка беше од рекреативен карактер.

StrugaOnline

Facebook Коментари