Се запали автомобил во Струга-изгорел цел преден дел од возилото

- Локални, Хроника
772
На 24.09.2019 околу 01,00 часот на улицата “Иса Пелар” во Струга настанал пожар на патнички автомобил марка “Цитроен Ц-3” со струшки регистарски ознаки, сопственост на И.О.(27) од Струга. Притоа целосно изгорел предниот дел на возилото. Пожарот бил изгаснат од
Територијалната противпожарна единица Струга. Увид ќе се врши во текот на
денешниот ден.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари