Се запали кровна конструкција во објект во Струга

- Локални
1386
Денеска во 13:45 часот во ТППЕ Струга пријавен е пожар на кровна конструкција во објект кој се наоѓа во близина на Плоштадот во Струга. Од ТППЕ за Strugaonline истакнаа дека било интервенирано со две противпожарни возила и шест пожарникари и благодарение на брзата интервенција спречено е ширење на пламените јазици. Пожарот бил ставен под контрола и ликвидиран во период од половина час.
Strugaonline

Facebook Коментари