СЕДНИЦА СО ВЕТЕРАНИТЕ ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ

- Локални
1005

На 16 декември,во Охрид се одежа традиционалната, редовна седница на Сојузот на Здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија.

На седницата со која раководеше претседателот на Охридската Општинска организација на ветераните од одбраната и безбедноста што ја води полковникот Добре Вељаноски,присуствуваше и раководството на Струшкото здружение предводено од претседателот Петко Шипинкаровски.

На средбата им се обрати генералот во пензија Филип Котели,претседател на Сојузот на Здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија,на своите раководители и членството од општинските организации од Западна Македонија – Охрид, Струга, Дебар, Ростуше и Маврови Анови.

Генаролот Котели, посебно се осврна на актуелниот момент, од аспект на мирот, безбедноста и заемното почитување и разбирање.

Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари