Семинарот „Програма на среќата“ ќе се одржи и во Струга

- Локални
787

Во организација на  невладината фондација „Art of living“, после одржаниот јогатон во Скопје, семинарот „Програма на среќа“ ќе се одржи и во Струга, Штип и Битола.

Од 15 до 17 мај, волонтерите ќе направат посета на низа вискообразовни институции низ земјава вклучувајќи ги и гореспоменатите градови.  Планирани се средби со  граѓаните и одговори на сите нивни прашања.

The International Art of living Fondation е едукативна и хуманитарна фондацијата која е основана во 1981 година со цел промовирање мир во светот и општество ослободено од стрес и насилство преку голем број хуманитарни проекти вклучувајќи резолуции за мир помеѓу спротивставени завојувани страни, помош при катастрофи и природни непогоди, активности за одржлив рурален развој, активности за зајакнување и еманципација на женската популација, активности за рехабилитација на затвореници како и активности за одржливост на животната средина.

Извор:ОхридПрес

Facebook Коментари