Сениорките на ЖРК Стружанка славеа над фаворитот Металург

- Локални, Спорт
740

ЖРК Стружанка во рамките на 10-то коло во Женска лига на Република Македонија во речиси преполна сала во „Нико Нестор“ Струга забележа убедлива победа против ЖРК Металург.

Сениорките на самиот старт од овој натпревар започнаа цврста и тешка борба над фаворитот од Скопје кој се наоѓа на втората позиција на табелата.  Натпреварот започна со многу нерегуларности и поткрепа на Металург од страна на судиите, но девојките на ЖРК Стружанка останаа цврсти и резултатски не дозволија тие неправилности да влијаат на нивната форма.  Во супериорно издание успеаа да им докажат на гостите од Скопје, во кој пак играат дури пет ракометарки од школото на ЖРК Стружанка дека Струга е ракометен град.

Единственото водство кое го имаа ракометарките на Металург беше 2:3, а потоа нашите ракометарки ја преземаа доминацијата. На полувреме резултатот беше 13:10. Во вториот дел беше возбудливо и се играше гол за гол, за на крај да славиме со 25:23.

Со оваа победа ЖРК Стружанка се израмни на табелата со ЖРК Вардар кој што ја дели третата односно четрврата позиција со по 22 бодови, три бода помалку од првопласираните ЖРК Куманово и два бода помалку од второпласираните ЖРК Металург.

Наредниот викенд ЖРК Стружанка гостува во Битола кај екипата на ЖРК Пелистер.

Извор и фото: ЖРК Стружанка

Facebook Коментари