Шеста годишна Дримска конференција – Иднината на Дрим е во нашите раце

- Локални
799

Утре, во хотелот „Инекс “ во Охрид, ќе се одржи  6-тата Годишна Дримска Конференција на која ќе се зборува за активностите кои треба да се преземат  за заштита на уникатните реки и езера во Дримскиот Басен.

– Како дом на 1.6 милиони жители, басенот на реката Дрим нуди живот и рекреација и на уште поголем број на луѓе, но исто така е меѓународно препознаен поради уникатниот животински и растителен свет кој живее во Басенот. Сепак, иднината на Дрим е под ризик:  од загадувањето, од френквентните поплави, од управувањето со водите од страна на браните и тн. Со тоа квалитетот и квантитетот на водата во Дрим е загрозен и преставува опасност за живеењето во регионот, доколку не се управува внимателно.

Затоа, the Global Water Partnership-Mediterranean (GWP-Med), со фондови од Global Environment Facility (GEF), работи заедно со with the United Nations Development Programme (UNDP) и  United Nations Economic Commission for Europe (UNECE) за да ја поддржи соработката помеѓу земјите од регионот и да осигура подобро управување со овој значаен ресурс. Поддржано со научни истражувања, нашата цел е да се сподели бенфитот од прекуграничните води преку одржлива и координирана акција.-велат организаторите

Организаторите појаснуваат дека Годишната Дримска конференција на интересентите (шестта по ред) е форум на кој  луѓето и организациите од  Дримскиот басен ќе ја споделат нивната загриженост, но и ќе бидат запознаени со последните истражување за коренот на проблемите со водите во Басенот и за тоа како да се справиме со нив.

На оваа конференција ќе бидат преставени извештаите за работата на ГЕФ Дримскиот проект, нацртот на Прекуграничната дијагностичка анализа на Басенот , посебните изготвени извештаи за хидрологијата и за загадувањето на басенот, а главна тема на Конференцијата ќе биде поврзаноста помеѓу водата-храната-енергијата и екосистемот во Дримскиот Басен и интерсекторската координација.

Отварањето на шестата Годишна Дримска Конференција е закажано за 9 часот и 30 минути, а потоа ќе следува и прес-конференција.

  Како дел од Агендата на настаните во Охрид, ќе се одржат и 7-от состанок на Експерскит Групи во рамките на Дримскиот процес и 16-тата средба на Дрим Кор Групата.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари