Шесто издание на манифестацијата „Моден ден“ на 1-ви март во Струга

- Забава, Локални
1979

На 1-ви март со почеток во 20:00 часот, во „Розе-сала“во хотел Дрим ќе се одржи шестото издание на манифестацијата „Моден ден“. На овогодинешниот „Моден ден“ ќе бидат претставени шест модни ревии во кои ќе учествуваат танчери од Студиото за танц „БАX“, професионални модели и млади луѓе од Струга и Охрид кои напорно и посветено работат за да ги претстават моделите во најдобро светло.

На овој начин, со учесници кои претходно немале допирна точка со сценски настапи Модниот ден како културно-забавен настан ја остварува својата цел, да ги внесе младите во ваквите претставувања кои им носат значајно искуство.

И оваа година, танцот и модата ќе се спојат во својата најкреативна точка. За тоа ќе се погрижат членовите на Балетското студио „БАX“ кои ќе се претстават со стари кореографии, но, публиката ќе ја изненадат и со осум нови кореографии.

Четиристотини од билетите за настанот се веќе поделени, а сто се пуштени во продажба за заинтересираната публика. Билети можете да набавите во просториите на Балетското студио „БАX“.

Манифестацијата „Моден ден“ е првиот од трите настани кои се организирани по повод дваесет и пет години постоење на Балетското студио „БАX“. Вториот настан ќе сеодржи на 29-ти април, светски ден на танцот, кога во Струга ќе се одржи танц-парада низ градот, а одбележувањето ќе заврши во јуни, со традиционалниот годишен концерт на Балетското студио „БАX“.

Со овие настани во Струга се создава позитивна култура на живеење,  се слави  танцот, модата и позитивните вредности.

Strugaonline

Facebook Коментари