Скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во три златари во Охрид

- Локални, Хроника
198

На 16-ти октомври во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид на улица „Св.Климент Охридски“ во Охрид од слобода го лишија Х.С.(23) од Скопје. Тој, според претходно добиена пријава, со пиштол на дијаболи во рацете влегол во три златари на истата улица.

По целосно документирање на настанот и во консултација со Јавен обвинител СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари