Со оперските великани Елена Мошуц и Калин Братеску од Романија вечерва започнува „Охридско лето 2018“

- Локални
814

Со избор од италијански оперски дела и француски арии од опери, изведени од оперските великани Елена Мошуц и Калин Братеску од Романија, придружувани од оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Николае Молдовеану, вечерва ќе биде свечено отворено 58-то издание на најголемата културна манифестација кај нас, фестивалот „Охридско лето“. Сцената ќе блесне со најпознатите светски уметници, а Охрид во наредните 40 дена ќе биде центар на светските уметнички збиднувања. За време на фестивалот, во Охрид ќе пристигнат  800 уметници од 27 земји од целиот свет.

Facebook Коментари