Со победа на КЛ7-Струга заврши локалното дерби во младинска категорија

- Локални, Спорт
586

Локалното дерби во младинска конкуренција помеѓу РК Струга и КЛ7 Струга заврши со победа на екипата на КЛ7.

Како и што одминува секој натпревар во Струга, така и овој во младинска конкуренција беше вистински дерби дуел исполнет со возбудливи моменти, а на крајот со неизвесна завршница во преполната спортска сала „Нико Нестор“. Првото полувреме му припадна на „домаќинот“ екипата на РК Струга, каде за брзо време имаа почетно водство од 6:3, разлика која ја одржуваа до самиот крај на првиот дел, па момците на КЛ7 успеаа од 12:9, да дојдат до израмнување на 13:13. На крајот од првиот дел РК Струга замина со водство од еден погодок, 14:13.

Во вториот дел се играше гол за гол, младинците на КЛ7 не дозволуваа резултатски да се одлепи  РК Струга, не дозволија да дојде до водство повисоко од два погодока, се до 52. минута кога домаќините поведоа со 26:23. Кога сите очекуваа Струга лесно да го финишира овој дуел, КЛ7 со серија од 1:5 го превземаа водството и влегоа во неизвесна завршница. Последниот напад на натпреварот го имаа младинците од екипата на КЛ7  и успешно го реализираа преку Емилијан Ѓорговски кој со звукот на сирената му ја донесе третата победа на КЛ7 Струга во младинска конкуренција.

РК Струга – КЛ7 Струга 31:32 14:13

КЛ7 Струга: Котески, Мишевски 3, Костовки 9, Негриески, Мариноски, Христоски 5, Ѓоргиевски, Галевски, Бочески, Јовановски, Ѓорговски 12, Домазетоски, Тренески, Дуноски 1, Шулески 2,

Извор и фото: kl7.mk

Facebook Коментари