Со спектакуларно отварање и квалитетен ракомет започна турнирот „Струга 2019“

- Локални, Спорт
826

Струга ја продолжува традицијата во организирање на познатиот Меѓународен турнир „Струга 2019“. Во првиот натпревар што се одигра вчера, РК Струга ја совлада екипата на Пролетер од Зрењанин со резултат 25:20

И годинава не изостана спектакуларното свечено отварање. Четриесет и седмото издание на турнирот го отвори Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски. Тој истакна дека Струга е град на спортот и спортските легенди. Каевски во своето обраќање се заблагодари на Наумче Мојсоски за организацијата и потенцираше дека овој турнир е поттик и пример за организирање и на други спортски манифестации од ваков вид.

Химната на нашата земја ја испеа Бени Шаќири, а на теренот своја танцова точка имаа членовите на Балетското студио „БАХ“.

Во вториот натпревар што се играше вчера,  грчки АЕК беше подобар од екипата на РК Бутел-Скопје (25-21).

Денеска во 18:30 се сретнуваат Еурофарм Работник и Пролетер, а во терминот од 20:30 часот играат Гуиф и АЕК.

Извор и фото: Strugaonline

Facebook Коментари