Сообраќајна несреќа во Струга, повредена е 69-годишна жена

- Локални, Хроника
952

На 30-ти април 2019 година, во 21:30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Владо Малески“ со улицата „Ѓуро Салај“ во Струга се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Патничко моторно возило марка „Пасат“ со струшки регистерски таблици, управувано од страна на 45-годишниот Џ.Ф. од селото Мислодежда удрило во пешак, 69-годишната В.Ж. од Струга. Во незгодата пешакот се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари