Сообраќајна незгода на патот Кичево -Охрид, автомобил излетал од патот

- Локални, Хроника
190

На 18.09.2018 година во 07 часот и 15 минути, на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на аеродромот, случена е сообраќајна незгода во која учествувал патнички автомобил  марка Ауди А8 со тетовски регистарски ознаки.

Сообраќајната незгода е случена во момент кога А.Ф.(52) возач на автомобилот, движејќи се во насока од Кичево кон Охрид, изгубил контрола врз возилото и излетал на десната страна надвор од патот, по што со предниот дел удрил во бетонски испуст за вода.

Во сообраќајната незгода нема повредени лица а причинета е материјална штета. По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода извршен е увид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари