Сообраќајна незгода на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, повредени две лица

- Локални, Хроника
583

На 20-ти јануари 2020 година, во 15:30 часот се случи сообраќајна незгода на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, во која се повредени две лица.

– 39-годишниот Г.Џ. од Охрид, управувајќи патничко возило „Рено лагуна“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката, 32-годишната М.Џ. од Охрид, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари