Соопштение од граѓанската иницијатива „ДОСТА“

- Локални
1597

Од граѓанската иницијатива „ДОСТА“ соопштуваат:

Почитувани стружани, акцијата на струшката дива депонија, за гаснење на пожарот и затрупување е извршена со голема успешност. Цела онаа работа која требало да ја заврши овластениот концесионер за одржување во текот на претходниве неколку години, е завршена во само 2 дена. Сакаме да им честитаме на релевантите фактори и на вистински вклучените извршители на ова барање, за успешната акција. Воедно, сакаме да ги потсетиме надлежните дека сега треба да се зафатат со исполнување на барањата во целост, а барањата се:

1. До среда, одлука за наоѓање нова локација за депонија и одлагање на отпадот таму и воспоставување соодветен надзор и заштита од идно спалување на старата депонија.

2. Одлука во најкраток можен рок, конзервација и дислокација на постоечката дива депонија.

3. Одлука во најкраток можен рок, за воспоставување пракса за намалување на отпад и селекција.

Наредниот протест е закажан за среда 21-ви јуни во 18 часот. За локација ќе ве информираме во наредните денови.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари