Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, со задоволство, и оваа година е носител на активностите за одбележување на „Светскиот ден на срцето” во Охрид.
„Во соработка со Општина Охрид и Организацијата на Црвен Крст од Охрид ,а во заедничка организација со фармацевтската компанија Алкалоид-Скопје, ќе се вклучиме во глобалната кампања, која по повод 29 Септември- Светскиот ден на срцето ги обединува здравствените работници, државните институции, здруженијата на пациенти, граѓанските организации, семејствата и поединците со единствена цел – подигање на свеста на заедницата и секој поединец во неа за можностите да се намали бројот на засегнати од кардиоваскуларни заболувања.“-информираат од Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања.
Годинешното мото е Направи ветување ЗА МОЕТО СРЦЕ, ЗА ТВОЕТО СРЦЕ, ЗА НАШИТЕ СРЦА,, и треба да ги потсети сите дека бројот на на КВЗ може да биде значајно намален со контрола на ризик факторите и адекватна грижа за своето здравје на секој поединец.
На 28.09 ( сабота) на градскиот плоштад , традиционално , ќе биде поставен шатор и вработени од болницата ќе вршат превентивни прегледи за сите заинтересирани во периодот од 10-13 часот. Заинтересираните ќе имаат можност и да добијат одговори на прашања поврзани со кардиваскуларното здравје.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари