Спектаклот на годината во Охрид „Зимска бајка“ на 22-ти декември!

- Забава, Локални
901

Најдоброто во Охрид доаѓа на крајот од годината. Новата „Зимска бајка 2018“ со најдобриот хумор и стилска музика, ќе се случи на 22-ри декември, сабота, со почеток во 20:00 часот, на тематски дизајнирана сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, само еднаш и само сега.

Најочекуваниот културно – забавен настан во Охрид, ќе биде отворен со најновото шоу на “Two mothers brothers” на фантастичните актери и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски кое премиерно ќе биде изведено за оваа прилика.

Големото предновогодишно шоу ќе го надополнат најдобрите празнични песни, во изведба на Емилија Маринова, Јован Куциноски, Јане Тодороски и гудачко трио; новата ѕвезда на македонското музичко небо Антониа Гиговска и уникатниот проект со безвремнските рок класици на Ѓоко Танески, Анатолиј Арнаудоски, Владимир Кречоски, Емилија Колоска, Димитри Алчев, Ѓорѓи Калајџиев и Никола Јосифоски.

Настанот и оваа година е дел од манифестацијата „ОД 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ што градот Охрид ја подготвува за претстојните новогодишни и божикни празници во насока на збогатување на туристичката понуда.

Влезниците за „Зимска бајка 2018“, во ограничен број, во продажба ќе бидат пуштени во среда 12.12. во 12 часот во Топ Маркет – Ориент, кај Чинарот, по цена од 500 денари. И оваа година ложата на Центарот за култура е ВИП каде уживањето ќе биде збогатено со пијалак и кетеринг. Повеќе информации околу резервациите во ВИП делот на: 075 283 066 во периодот од 11:00 до 15:00 часот.

Местата се лимитирани, затоа навреме резервирајте си седиште за најубавата „Зимска бајка“.

Strugaonline

Facebook Коментари