Спортски предизвици на ракометарите и ракометарките од Струга овој викенд

- Локални, Спорт
107

Викендов што следува носи нови спортски  предизвици за Струга.  Во сабота (10.11) со почеток во 18;30 часот, РК Струга на гостински терен игра со РК Пролет.  Во недела (11.11) исто така на гостински терен во Скопје, младинците на РК Струга ќе се сретнат со „Шампион“ (РК „Работнички“) со почеток од 19:00 часот.

Свои нови предизвици имаат и струшките ракометарки . Имено, сениорките на ЖРК „Стружанка“ во сабота играат со ЖРК „Деспина“ од Прилеп, а младинките на ЖРК „Стружанка“ се сретнуваат со ЖРК „Шампион “ од Скопје.

Двата натпревари ќе бидат одиграни во сопортската сала „Нико Нестор“ во Струга, со почеток од 15;00 часот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари