Спортскиот центар „Форма Вита“ ја остварува својата мисија- создава задоволни клиенти

- Локални
1953
Спортски центар „Форма Вита“  од Струга е фитнес центар за жени и деца. Основна цел на „Форма Вита“  е помош на клиентите кон остварување на нивните фитнес цели. Форма Вита е местото каде што луѓето сакаат да бидат и да остварат повеќе од она што биле вчера.  Форма Вита ги подготвува своите членови за успех.
„Една од заштитните реченици кои ја претставуваат Форма Вита и се она што сакаме да го пренесеме е: Грижете се за своето тело и здравје затоа што тоа е единственото место каде што треба да живеете. Нашата мисија вклучува: Креирање на добра спортска атмосфера која ќе вроди доверба на нашите клиенти; Промоција на постигнатите цели и успеси на нашите клиенти; Помош при поставување на нови фитнес цели и прославување на успехот (Затоа што кога ќе постигнеш нешто, тогаш пред себе гледаш уште поголеми можности за нови остварувања);Секогаш да ја даваме позитивната енергија, насмевка и грижата за потребите на секој клиент; Да бидеме местото каде што луѓето ќе се чувствуваат среќно и исполнето за времето што го потрошиле во Форма Вита! ; Да бидеме пример и да им покажеме на луѓето дека се е возможно ако силно веруваш!; Секоја победа ќе ве направи посилни за следното достигнување!“ – велат од тимот на Форма Вита.
Од таму додаваат дека новитети и широката понуда на активности претставуваат  можност за секој да се чувствува удобно, успешно и задоволно без разлика на возраст и состојбата во која се наоѓа.
Strugaonline

Facebook Коментари