Спроведена акција за чистење на дивите депонии во Општина Струга

- Локални
153

ЈП Комунално-Струга во соработка со МЈП Проаква –Струга во текот на денешниот ден спроведе акција за чистење на диви депонии на територијата на Општината.

„Со акцијата за чистење беа опфатени повеќе локации и тоа: покрај коловозите на потегот од с. Франгово до Хотел Изгрев и од с. Калишта до град Струга. Од дивите депонии се подигна комунален смет, остатоци од стар мебел, градежен шут. Со денешната акцијата беа подигнати вкупно околу 25 метри кубни смет и истиот беше депониран на времената депонија во Струга.“ – информираат од ЈП Комунално.
Од претпријатието додаваат  дека вакви акции ќе бидат спроведени и во наредните денови.

Strugaonline

Facebook Коментари