Стабилизиран параметарот матност во водата од Градската водоводна мрежа во Струга

- Локални
874

Центарот за јавно здравје – Охрид информира дека последните анализи на квалитетот на водата по однос на параметарот матност извршени денеска (04.12.2017) од страна на екипи на Центарот за јавно здравје Охрид, на примероци на вода за пиење од Градската водоводна мрежа во Струга и селата приклучени на градскиот водовод Струга, покажуваат дека вредноста за параметарот матност во водата за пиење е во рамки на пропишаните и законски дозволените вредности. Од таму додаваат дека е во тек комплетна физичко-хемиска и микробиолошка анализа на земените примероци на вода за пиење од градскиот водовод во Струга, а официјалните наоди од анлазитие ќе бидат доставени до надлежните инспекциски служби за натамошно постапување.

Strugaonline

 

Facebook Коментари