Старото училиште во с. Вишни ќе стане Младински центар – приклучете се во акцијата

- Локални
1137

Оваа сабота (5 август) ќе се работи на ре-адаптација на старото и напуштено училиште во с. Вишни. Целта е од напуштеното училиште да се претвори во Младински центар.

„ Некои чекори се многу поедноставни кога сам ќе ги направиш, а нема да чекаш друг да ги направи за тебе. Мрдни малку со прст! На тој начин ќе добиеш не само нов објект, туку и добро чувство на исполнетост. Затоа, те покануваме тебе и твоите пријатели да ни се придружите во ре-адаптацијата на напуштеното училиште во с. Вишни во младински центар. На овој начин, можеби нема околните жители да слушнат жагор, но ќе набљудуваат младински иницијативи и идеи во развој.“ – велат организаторите

Во акцијата за ре-адаптација на објектот и во процесот на  собирањето на потребните ресурси можат да се вклучат сите доброволци ентузијасти.

Акцијата која е организирана да се спроведе овој месец е поддржана од Национален младински совет на Македонија во рамки на кампањата „Мрдни со прст“.

Извор:Strugaonline/„Мрдни со прст“

Facebook Коментари