Струга ќе биде домаќин на завршницата во пионерското државно првенство во ракомет

- Локални, Спорт
685

Школата на капитенот #КЛ7_Струга и агенцијата која ја води организацијата и реализацијата на Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“ низ Македонија, KMG Sport се домаќини на овогодинешниот „Фајнл Фор“ за пионери. Овој викенд поточно на 6 април во сабота во најракометниот град во земјава, Струга ќе се одржи завршницата во пионерското државно првенство .Четирите натпревари, двете полуфиналиња и натпреварите за трето и прво место ќе се играат во спортската сала @Тими”. На Ф4 ќе учествуваат 3 екипи од Скопје Ракометен Клуб Алушовски, РК Металург и RK Shampion како и организаторот на турнирот  КЛ7_Струга.
Редоследот на натпреварите е следен :

10.30 КЛ7 Струга – РК Алушовски
12.00 РК Металург – РК Шампион

16.30 Трето место
18.00 Финале

Церемонија на прогласување

Strugaonline

Facebook Коментари