Македонскиот фудбалски шампион, екипата на Струга Трим Љум, ги дозна потенцијалните противници во второто коло од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), доколку го мине првото коло.
Во првата елиминациска рунда, Струга ТЉ ќе игра со словачкиот тим Слован Братислава. Во случај на победа, противник на македонскиот шампион во второто коло ќе му биде подобриот од двомечот Хамрун (Малта) – Линколн Ред Импс (Гибралтар).
Во случај на елиминација, Струга ТЉ ќе се префрли во второто квалификациско коло за Лигата на конференции (ЛК).
фото: F.C Struga
Facebook Коментари