Струга Трим Лум утре ги започнува тест натпреварите

- Локални, Спорт
608

Утре (среда) со почеток во 18:00 часот на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“, екипата на Струга Трим Лум против тимот на Вардар Форино ќе ги започне тест натпреварите во подготвителниот период.

„Црвено белите“ подготовките за дебитанското учество во Првата македонска фудбалска лига ги започнаа пред недела дена и ќе се одвиваат во две фази. Во првата струшките фудбалери ќе работат на стадионот „Расадник“ во Радолишта а тест мечеви веројатно ќе играат во Охрид, додека во втората фаза стружани ќе работат во Банско и силите ќе ги одмерат со екипите кои ќе бидат на подготовки во истиот термин.

Покрај дуелот со Вардар Форино,  во Втората лига  екипата на Струга Трим Лум ќе се сретне со Гостивар и Силекс.

Извор : OhridNews

Facebook Коментари