„Струга“ загуби од младинците на „Металург“ на домашен терен

- Локални, Спорт
684

Во осмото коло на младинското првенство на Македонија, група 1, младинците на Металург гостуваа во Струга. Стружани, како третопласирани во групата, важеа за фаворити на свој терен, но со тоа не се сложија  млади ракометари на Металург, кои одиграа одличен натпревар и заминаа со сите три бода.

Средбата почна со серија од 3:0 на гостите,  кои уште на почетокот најавија дека ќе се борат за полн плен. Иако Струга подоцна израмни, па и поведе со 5:4, тоа не го сруши моралот на младиот Металург, кој првото полувреме го доби со минимални 10:11.

Ако во првиот дел екипите наизменично се наоѓаа во водство, во вториот дел Металург во ниту еден момент не ја испушти својата предност. На средината на второто полувреме ги имаа максимални +4, но средбата ја завршивија со истата предност како и по првиот дел, 24:25.

 

.РК Струга – РК Металург  24:25 (10:11)

РК Струга: Стојаноски, Тутенкоски 1, Савески, Кузманоскин 6, Крстаноски 3, Милески, Хаџидимов 2, Нацев, Ферукоски, Дукоски 2, Маркоски, Гронки, Трајкоски, Мемед 1, Костоски и Костески 9.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

РК Металург: Брестовац, Димевски 3, Фидановски, Крстев 1, Стојаноски, Вељановски 1, Стојчески, Петровски 3, Рачевски 1, Василев, Митковски, Мелоски 2, Николов 10, Стојковиќ 1 и Андревски 3.    Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Наташа Глигороска и Викторија Прентоска.

Делегат: Трпеновски Јован.

Извор и фото: РК Металург

Facebook Коментари